Godfall Challenger Edition бесплатна на Epic Games до 16ти декември

Скриншот од играта GodFall
Скриншот од играта GodFall

Godfall Challenger Edition e бесплатна на Epic Games до 16 декември (Четврток). Втурнете се директно во Endgame содржините на оваа игра почнувајќи со моќен лик на максимум левел, армор скин на главниот протагонист, епски оружја и опрема, многу „скилпоинти“  и уживајте во динамичниот „гејмплеј“ додека освојувате нови награди групирајќи се со други играчи за да надминете предизвици од легендарни пропорции. Играта има модерна графика и динамичен гејмплеј. 

На многу начини е слична на Warframe но наместо во SF сетинг оваа игра е повеќе Епска Фантастика. Други две сличности со Warframe се тоа што оваа игра е group to play со групи од по 3 играчи. Втората сличност што веднаш се забележува е тоа што комбатот изгледа како „тотален пуздер“ на екран и за неистренираното око може да делува како голема мешаница во која се стискаат напади и „не се знае кој пие -кој плаќа”. 

Оваа игра на промоција не ја содржи базичната Godfall туку само Endgame-от но можете да се групирате и со играчи кои ја имаат базичната игра – тука нема ограничување. Графички играта е воодушевувачка и ако сакате комбат којшто бара мобилност и борба против силите на злото ова е игра за вас. 

Приказната скоро и да ја нема, освен тоа дека се работи за двајца браќа од кои едниот е добар Silvermane -(вие) а другиот лош Makros и лошиот сака да достигне ниво на бог а вие треба да го спречите во тоа за да победи доброто. Оттаму и името на играта е Godfall. Исто така Godfall го означува и падот на Silvermane во првата борба со Makros. Буквално во играва добрите имаат бели оклопи додека лошите носат црни оклопи. Но недостатокот на приказна е надминат со тоа колку добро е направена играта којашто може да ви пружи многу забава.