„Годар: Човекот-филм“ вечерва ќе се прикажува во Музејот на современа уметност

Филмот е најава на 13. издание на фестивалот кој ќе се одржува од 2 до 9 јуни во Кинотеката на С. Македонија

Фото: Филозофски филмски фестивал

Филозофскиот филмски фестивал информира дека вечерва со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“, како најава на 13. издание на фестивалот кој ќе се одржува од 2 до 9 јуни во Кинотеката на С. Македонија.

„Годинешниот фокус на фестивалот е посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. Проекцијата воедно ја акцентира максимата на овогодишното 13. фестивалско издание којашто гласи „Сè е филм, во множина“. Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, повторува една Годарова постапка – брзиот и неочекуван
монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини, e сосема посакуванa“, наведено е во соопштението од организаторите на фестивалот.