„Гоблински режим“ е збор на годината според Oксфордскиот речник

Гоблин скриншот од вебсајтот на Близард
Гоблин скриншот од вебсајтот на Близард

Гоблински режим (Goblin mode) е терминот којшто годинава беше избран за збор на годината од лексикографите на Оксфордскиот речникот. Фразата што во слободен превод може да гласи „како гоблин“ или директната транскрипција „гоблин мод“. Покрај тоа што потсетува на познат тип на чудовиште од епската фантастика и од повеќето РПГ Игри зад оваа фраза стои интересно објаснение на терминот:

„Гоблинскиот режим често користен во изразите „во Гоблин мод“ или „да се стаиш у Гоблин мод” е тип на однесување што е без извинување самоориентирачко, мрзливо, неуредно, или алчно, типично на начин кој одбива социјални норми или очекувања.”  

Терминот се смета дека за првпат се појавил на Твитер во 2009 година, пред да стане вирален пролетва на социјалните мрежи благодарение на сатиричен твит во кој имало лажен наслов како вест што наводно ја цитира актерката Џулија Фокс како вели дека раскинала со Канје Вест бидејќи неможел да ја поднесе кога ќе влезела во „гоблински режим”. 

Секако овој термин им е лесно сфатлив на гејмерите затоа што сите се добро запознаени со ликовите на гоблини во повеќе прилики од различни видео игри. Исто така, гејмерите во голем дел се и обземени од „гик култура” што сега зазема замав и се сместува полека со интернетот и во мејнстримот – културата на читање стрипови и книги, колекционерство на фигури, играње игри и гледање филмови и серии поврзани со фантазија и научна фантастика. Одлика на оваа култура се и широки познавања од информатиката што станува дневна потреба со обземеноста на целиот свет со интернетот. Додека „гик-културата” некогаш немала таков статус – денес е нешто кул. Односно она што вреди само од себе испливува на површина со време.

Во овој напис ќе се задржиме и на дополнителните објаснувања на терминот „гоблински режим” и ќе наведеме неколку популарни цитати.

Лексикографите од Оксфорд тврдат дека олабавувањето на мерките од пандемијата и излегувањето на повеќето луѓе надвор придонело за популарноста на зборот. Како што вели цитатот:

Навидум, го долови преовладувачкото расположение на поединци кои ја отфрлија идејата за враќање на „нормалниот живот“ или се побунија против сè понеостварливите естетски стандарди и неодржливиот начин на живот прикажани на социјалните мрежи.”

Познатиот весник Гардијан го објаснува терминот вака: 

“Гоблински режим е како кога ќе се разбудите во 2 часот по полноќ и ќе почнете да претурувате по кујната облечени само во долга маица да направите некоја чудна закуска, како на пример набрзина направен похован кашкавал”

Додека весникот Лондон Тајмс го опишува терминот вака:

“Премногу од нас отидоа во „гоблински режим” како резултат на тешката година.” 

„Се надевавме дека јавноста ќе ужива да биде внесена во процесот, но ова ниво на ангажман во кампањата нè изненади целосно“, рече Каспер Гратвол, претседател на одделот за јазици во Оксфордскиот речник додавајќи дека „со оглед на годината што штотуку ја доживеавме, „гоблинскиот режим“ резонира со сите нас кои се чувствуваме малку преоптоварени во овој момент“.

Луѓето го прифаќаат својот внатрешен гоблин, а гласачите избираат „гоблински режим“ бидејќи зборот на годината ни кажува дека концептот најверојатно ќе остане.

Во Скопје местото „Гоблин“-Друштвени игри e собиралиште за љубителите на гик културата и е вистинско место за поинаков креативен и друштвен „гоблински режим“.

Секако на сите денешни гејмери им преставува огромно задоволство што ваков термин поврзан со гејмингот стана збор на годината во Оксфордскиот речник за 2022 година.