fbpx

Го пресекоа патот кој води до РЕК Битола

-

Штетите од поплавите по пелагониското поле станаа минорни откако Црна Река почна да ги поплавува и заробува во своите домови и жителите на селото Новаци. За да нема човечки жртви, властите во општина Новаци како единствен излез од оваа тешка состојба решија да го пресечат патот кој од Битола води кон селото Новаци и кон РЕК Битола.

Со дозвола на Министерството за транспорт и врски, дел од патот е откорнат и наместо во селото, водите на Црна се насочија по полето.

Комбинатот не е во опасност, а вработените и жителите ќе мора да патуваат по алтернативни патишта преку Тополчани и да минуваат по 70 километри од и до Битола. Сепак, постои опасност и овие патишта до РЕК, преку соседната општина Могила, да останат непристапни во наредните денови, со оглед на тоа што состојбата со поплавите и натаму е крајно критична.

Денeска во Новаци беше Шабан Салиу, првиот човек на Дирекција за заштита и спасување, за да се увери во состојбите кои настанаа во овој регион.

– Во овој момент го поткопуваме регионалниот пат Битола – Новаци за да се ослободи водата која е насобрана во овој дел. Има голема опасност за новачките села. Водата ќе се испушти во соседниот дел, каде нема опасност да навлезе во одредени села и да причини големи материјални штети – изјави Салиу.

Во селото Новаци од утрово неколку семејства се евакуирани и сместени во Општината.

– Ваква катастрофа никогаш не сме имале, цело Новаци е во вода, куќите се под вода, а жителите се иселени – изјави Драган Кузмановски од Новаци.

Во битолскиот дел на Пелагонија поплавени се десетици села, состојбата и понатаму е крајно сериозна, особено затоа што не престанува да врне дожд.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...