Go Green: Потребен е младински дигитален еко-активизам

Фото: Порталб.мк

„За да имаме активна младина, мора да има проекти што ќе ги активираат младите и ќе ги вклучат во процесот на донесување одлуки“, вели за Порталб.мк, Арта Ќерими, асистентка на проектот за „Младински дигитален еко-активизам“, од страна на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Go Green“ (Го грин)- Скопје.

Проектот „Младински дигитален еко-активизам“ е поддржан од Фондацијата „Хајнрих Бол“ во Сараево и има за цел да ги вклучи младите луѓе во пресрет на локалните избори да поднесат предлози за зелена општина. Тие предлози подоцна ќе им ги претстават на кандидатите за градоначалници на Кисела Вода, Аеродром, Чаир и Карпош во Скопје, како и општините Куманово и Прилеп. Младите преку прашалник, кој веќе е активен на социјалните мрежи, можат да дадат предлози и креативни идеи за зелена општина.

Постојат некои компоненти што треба да се земат предвид за да може општината да биде зелена, а тоа е инфраструктурата – да не се користат премногу автомобили, туку друг јавен превоз.

„Бидејќи младите луѓе се оние кои ќе се соочат со штетите од недоволната грижа за околината, а во исто време, тие се оние кои ќе имаат корист од еколошката свест“, рече Фатон Ќерими, еко-активист од Општина Чаир.

Забележливо е дека повеќето млади луѓе бараат и предлагаат идеи да имаат паркови. Дефинитивно им недостасуваат места за рекреација каде што можат да се релаксираат. Тие исто така предлагаат велосипедски патеки, бидејќи во Скопје, како еден од најголемите градови, има велосипедски патеки, но ги има само на пошироките улици. На останатите потесни улички, велосипедски патеки нема и тука младите се соочуваат со проблемот на возила паркирани на тротоари што ги спречува да се движат слободно и безбедно.

„Младите луѓе се тие што гледаат добри и лоши примери насекаде. Би упатила апел во име на нашето здравје и на нашите најблиски, бидејќи сите знаеме што значи еко општина и нејзините придобивки“, вели Анила Мурати, еко-активистка од Општина Чаир.

Кандидатите за градоначалници треба сериозно да го сфатат вклучувањето на екологијата и заштитата на животната средина, бидејќи речиси во сите градови загадувањето на воздухот е проблем.

Од предлозите собрани од прашалникот, еко-активисти од сите општини ќе изберат 10-15 најдобри предлози за нивната општина. Потоа, добиените предлози ќе им бидат претставени на кандидатите за општини на секоја политичка партија и кои градоначалниците ќе треба да ги спроведат во текот на следниот мандат.

Сите млади кои имаат еко-предлози или идеи, може да ги достават на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeNhr61XeCdUOARKVA2Q43tmdBwNzhPY2It4qUAZz84bXYtgQ/viewform