Глобал Војсис: Интернет-списанието за женски спортови на 11-годишната Аби е вистински хит

Фото: Приннскрин - Запознајте ја 11 -годишната девојка која го отвори сопственото списание | Видео Студио 10

Австралиската младина е во фокусот на убавите приказни од другата страна на светот. 11-годишна Австралијка од Сиднеј создаде онлајн магазин за меѓународни женски спортови.

Аби се одлучи за овој потфат откако откри дека нема спортски списанија за девојчиња. Така, таа го создаде „Her Way“ („Нејзиниот пат“ или „На нејзин начин“):

Прво издание на Her Way октомври 2021 година – Сликата од Еби ( Her Way)

Претплатата е неверојатно ниска и чини 2,00 австралиски долари (1,50 американски долари), а половина ќе биде донирана за апелот на УНИЦЕФ Австралија за зајакнување на девојките преку крикет.

Спортистката на рагби лигата, Кејти Браун, која игра за Фудбалскиот Клуб Јужен Сиднеј, ја интервјуираше Аби за нејзиниот поткаст „Real Talk“.

Аби, исто така, беше прикажана во националното Студио 10 на Ten Network:

Покрај списанието, Her Way има профили на Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Тие се одржуваат со „родителски надзор“.

Не е чудо што Аби е во фокусот на вниманието. Како осумгодишно девојче во 2019 година, таа беше номинирана за Австралиската Фудбалска Лига (АФЛ) и се појави на национално ТВ интервју со 7 милиони гледачи. Верзијата на YouTube е достапна овде.

Таа година Аби исто така играше на крикет теренот во Мелбурн во игра на полувреме за време на големото финале на АФЛ. Подоцна, Аби го додели медалот за премиерлигашот и со него се пошегува велејќи му: „Ти си прилично добар за момче“. Таа ја раскажува целата приказна во првиот број од списанието.

Доделување на медал на големото финале на AFL 2019 – Фотографија со Аби (списание Her Way)

Аби допре до меѓународните ѕвезди во различни спортови. Хана Грин, австралиска голферка и победничка на шампионатот за жени во PGA 2019, е прикажана во првиот број, а понатамошните интервјуа доаѓаат во идните изданија.

Овој привлечен твит што ги предупредува обожавателите за промената на времето поради заштеда на енергија ѝ донесе благодарност од сеопфатниот австралиски женски крикет тим:

Таа има и други фанови од висок профил:

Аби е подготвена да ги опомене најголемите медиумски играчи во спортското известување. Овој твит е јасно насочен кон приоритетите на националната ТВ мрежа:

Таа има многу поддржувачи на Интернет кои се согласуваат со неа:

Кевин Рени од Глобал Војсис ја интервјуираше Аби за списанието и за неа.

Кевин Рени (КР): Зошто го избравте форматот на онлајн списание за вашиот потфат?

Аби: „Првично сакав вистинско списание, бидејќи сакам да собирам списанија. Но, ние одлучивме дека онлајн беше најдобро за да допре бргу до луѓето насекаде и да имаме ниски трошоци. Исто така, сите помлади луѓе сега имаат екрани, така што е лесно да се прочита.“

КР: Како е составен вашиот тим? Од каде доаѓа техничката поддршка?

Аби: „Најчесто тоа сум јас и татко ми. Тој помага со малку истражувања, и сите фотографии се оние што ги направи кога одиме на игри или запознаваме луѓе. Мајка ми ги чита и ги коригира написите и направи многу работи со страницата за да ја купи.“

КР: Какви други планови имате, јавно или лично, како што се планови за кариера/студии?

Аби: „Не сум премногу сигурна за кариерата. Ова дефинитивно ми даде некои идеи за вклучување во спортот во новинарството ако не завршам професионално со спорт. Но, јас исто така би сакала да работам со луѓе со оштетен слух, животни или деца. Има многу што би сакала да направам.“

КР: Какво е чувството да се опоменат големите медиумски играчи?

Аби: „Го направив ова само затоа што тоа е нешто за што имам страст и создадов нешто што сакав да го читам и мислев дека би можеле и другите луѓе. Навистина не мислам ништо друго за тоа.“

КР: Дали имате други коментари за Her Way?

Аби: „Реакцијата беше многу поголема отколку што мислев. Веројатно мислев дека можеби ќе им се допадне на 20 луѓе. Но, луѓе од целиот свет да сакаат да го купат списанието и да сакаат да ме интервјуираат беше навистина кул, но неочекувано.“

Потфатот на Аби доаѓа додека другите млади Австралијци се истакнуваат на Интернет: Тројца тинејџери од Мелбурн ја инспирираат јавноста со нивната веб-страница за следење податоци за ковид-19.

Одлично е да се види како младите луѓе го водат патот за иднината на Австралијците. Аби прави неверојатна работа!

 

Овој текст на Kevin Rennie е оригинално објавен на Глобал Војсис на англиски јазик на 5 октомври. Мета.мк во целост го реобјавува на македонски јазик.