Главниот здравствен тим и познати музичари од Исланд испратија видео порака до сограѓаните

Неколку музичари од Исланд и тимот што ја предводи борбата против со Ковид-19 во Исланд се собраа да ги охрабрат своите сонародници да „патуваат во затворено“ овој велигденски викенд.

Музички настап на главниот епидемиолог, министерот за здравство и раководителот на секторот за цивилна заштита, стана вирален хит во Исланд. Тројцата секојдневно се појавуваат на дневни брифинзи во и имаат 95% доверба, благодарение на нивните напори.

Песната се вика „Истражете го затвореното“ и ги охрабрува Исланѓаните да ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање и да уживаат во нордиското „хиге“ дома, за да избегнат непотребно оптоварување на здравствените и установите за цивилна заштита.

Во Исланд има вкупно 1.648 заразени со Ковид-19. Од вирусот оздравеле 688, а починале осум лица. Ова го покажуваат податоците од универзитетот „Џон Хопкинс“.