Главниот ко-девелопер на WoW Classic Брајан Бирминген си заминува од Близард

Blizzard
Статуа во седиштето на „Blizzard Entertainment“ | фото: Wikimedia Commons

Главниот ко-девелопер на WoW Classic Брајан Бирминген заминува од Близард бидејќи се спротистави на политиката на компанијата наречена „стакрaнкинг“. Станува збор за начин за евалуација на вработените каде мора да прогласат 5% од вработените во тимовите за лоши работници, што им ги намалува шансите за напредок, унапредувања и бонуси. Со оваа политика дури и вработени што имаат добри перформанси и работат напорно може да бидат прогласени за лоши работници затоа што менаџерите мораат да наведат такви во евалуациите. 

Менаџерот Брајан Бирминген две години го избегнувал овој систем, но откако го приморале да го употребува и да биде дискретен за тоа, тој излегува јавно против таквата политика на фирмата Близард тврдејќи дека е нефер кон вработените. Тој вели оти би сакал повторно да работи во Близард под услов компанијата да се откаже од „стакранкинг“.