Мапа на пријавените болни и изнемоштени лица за гласање по општини | Мета.мк

Гласањето на болните и изнемоштени лица како и луѓето што се сместени во Казнено-поправените установи се одвива непречено и без никакви проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото место во Домот за стари лица во Катланово.

„Се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви проблеми и дека овој ден ќе заврши исклучително мирно и тоа во услови на пандемиска криза КОВИД -19 каде што организациски беше многу тешко да се направат максимални напори да се организира овој процес, но еве на крајот гледате дека навистина се одвива добро,“ изјави Дерковски.

Денеска околу 11.000 лица треба да го искористат своето право на глас.