fbpx

„Гласај!“ – нова иницијатива на Цивил за граѓанско учество и излезност на изборите

-

Цивил ја поведе иницијативата „Гласај / Voto“ на социјалните мрежи, за да им даде поттик на граѓанките и граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули.

„Изборите нѐ затекнаа во време на пандемија кога заштитата на јавното здравје е приоритет. Затоа, Цивил повикува на гласање, но и на максимално придржување кон мерките за заштита од коронавирусот на денот на гласањето.Познати јавни личности, граѓански активисти, актери, музичари, новинари ја препознаа важноста на правото на глас и зошто е потребна излезноста на 15 јули и ја поддржаа инцијативата на Цивил. Така, во оваа иницијатива ја поддржаа: Перо Арсовски, актер и голем поборник за демократски и европски вредности, Дорина Ајдини, граѓанска активистка и популарна ТВ водителка, Ирена Стеријовска, режисерката и активистка, музичарот Мирко Попов, познат и како ПМГ Колектив, Анита Латифи, новинарка и активистка, Зоран Кардула, дизајнер и активист, Бубо Каров, мултимедијален уметник, Катерина Колозова, универзитетска професорка и граѓанска активистка, и други,“ пишува на „civilmedia.mk“.

Тие, преку видео обраќања, Фејсбук статуси, со Фејсбук рамката „Гласај / Voto“, преку илустрации и на други креативни начини, ги повикуваат граѓанките и граѓаните на излезност. Во своите јавни обраќања, популарните поддржувачи на иницијативата објаснуваат зошто е важно да се гласа, кои се придобивките од остварување на гласачкото право, што нив ги мотивира да бидат активни чинители во општеството, како изборите придонесуваат кон демократијата и, се разбира, како да се заштитиме и да бидеме безбедни од ковид-19 на денот на гласање.

Преку иницијативата на ЦИВИЛ, граѓанките и граѓаните може да се информираат за своите права и за сите најважни аспекти на изборниот процес, преку новата веб-страницата vote.civil.org.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...