Ѓорѓиевска Павловска: Кај пациенти хоспитализирани на Клиника за плаcтична хирургија ќе биде потребна трансплантација на кожа

Тим експерти од Велика Британија во соработка со UK-Med, спровел обуки на 45 македонски здравствени работници за физикална и психолошка рехабилитација на пацинетите кои се здобија со изгореници во Кочани

-

На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија имаме тројца пациенти со отворени рани за кои требаат соодветни преврски, а кај некои треба да се изврши и трансплантација на кожа, изјави денеска директорката на клиниката, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, којa заедно со заменик-министерот за здравство Јовица Андовски и директорот на ФЗО Сашо Клековски, информираа за состојбата со повредените лица во катастрофата што се случи во Кочани.

„Пациентите беа во многу тешка состојба. Благодарни сме на сите земји кои ги прифатија и ги лекуваа тие пациенти. Но екстензивноста на повредите е голема, се работи за многу длабоки изгореници, со длабоки рани и кај нив ќе треба подолг третман и кај нив и рехабилитациониот период ќе биде малку подолг“, рече таа.

Директорката информира дека сите пациенти имаат телефонски броеви од тимовите од Клиниката, и дека може да ги побараат во секој момент кога имаат потреба од прашања и соодветен третман.

„Правиме сè за да немаат поголеми лузни, плазма богата со тромбоцити, се даваат силиконски лепенки во Кочани кај сите пациенти, се даваат креми со заштитни фактори. Тим од Бугарија дојде во Кочани да направат индивидуални мерки за компресивни ракавици“, додаде таа.

Заменик-министерот Андовски информираше дека во изминатите денови се вратиле двајца пациенти од Бугарија и двајца во Србија и дека во странство во моментов се лекуваат 11 пациенти кои се во стабилна состојба.

„Тим експерти од Велика Британија во соработка со UK-Med, спроведоа обуки на 45 здравствени работници за физикална и психолошка рехабилитација на пацинетитеТим експерти од Велика Британија во соработка со UK-Med, спроведоа обуки на 45 здравствени работници за физикална и психолошка рехабилитација на пацинетите. Најдобро место за тоа е општата болница во Кочани. Ја посетуваат специјалисти од пластична хирургија. Согласно решение на Министерството за здравство од утре тим специјалисти од Пластика и КАРИЛ и Токсикологија ќе вршат прегледи во Кочани на сите пациенти кои беа третирани во нашата земја за да се утврди потребата од понатамошна нега и потребни помагала“, рече Андовски.

Во моментов, 40 лица се на физикална терапија и 30 се на терапија со плазма збогатена со тромбоцити. Се чека тимот лекари од Израел да дадат мислење за понатамошната грижа за овие пациенти.

На новинарско прашање за Клековски, дали би прифатил министерска позиција во ресорот здравство, тој одговори потврдно.

„Владата има претседател кој составува Влада. Јас се чувствувам посветено во ФЗО каде има многу работа. Ќе бидам отворен за разговор во зависност од потребите. Било какви рокади мора да предвидуваат комплетно решавање на кадровската екипираност во секторот здравство. Би прифатил да бидам министер, со соодветна замена во ФЗО“, рече тој.

 

 

 

 

 

 

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...