Ѓоргиевска: Жените кои се еднакво третирани се многу помотивирани да вложуваат во себе

-

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работно место“, што денеска се одржа во Кабинетот на претседателот. Според неа, досегашните анализи на националните, регионалните и глобалните состојби упатуваат на една загрижувачка тенденција – и покрај напредокот во степенот на образованието на жените, на нивното работно искуство и стручност, сè уште нема рамноправна валоризација на трудот на жените.

„Причините за оваа дискрепанца меѓу декларативното и фактичкото во однос на примањата, според Ѓоргиевска, се многубројни, структурни и честопати гравитираат околу родово-базираната дискриминација со која се соочуваат многу жени и во македонското општество. Принципот на еднакво вреднување за еднаква работа е еден од најстарите принципи на Европската Унија. Оттука, проблемот со нееднаквата заработка не е само економско и политичко, туку и прашања на правичност. Имено, еднаквото достоинство меѓу мажите и жените подразбира и правична валоризација на нивниот вложен труд. Жените кои се еднакво третирани се многу помотивирани да вложуваат во личниот и кариерниот развој, и со тоа да придонесуваат кон колективниот напредок на целото општество“, рече Ѓоргиевска.

За да се затвори родовиот јаз и да се намали нееднаквоста на жените во економската сфера, таа рече дека ги поддржува мерките за економско јакнење на жените, за женско претприемништво, за праведно и достоинствено вреднување на работата.

„Со тоа ќе придонесеме кон постигнувањето на родова еднаквост“, рече таа.

Главна цел на конференцијата, што се одржа под покровителство на сопругата на претседателот, а во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) и Алијансата за родова еднаквост (ГЕА), е да се поттикне прашањето за родовиот јаз во платите, да се анализираат состојбите, трендовите и да се пренесе важна порака за значењето на надминувањето на родовиот јаз во платите како дел од комплексниот процес на унапредување на родовата рамноправност.

Свои поздравни обраќања на настанот имаа и Нина Ангеловска, претседателка на ГЕА и Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на ЦУП. Во рамки на конференцијата се одржаа две панел дискусии на тема „Состојбата со родова еднаквост на работното место во Република Северна Македонија“ и „Градење на подобри работни места преку обезбедување родова еднаквост“.

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...