Новак Ѓоковиќ победи во првото коло на Вимблдон, и беше невозможно да не се забележи начинот на кој српскиот тенисер го прослави својот триумф. Ноле ја поздрави публиката, а потоа симулираше пумпање, симбол на студентскиот бунт против режимот во Србија, пренесува српскиот Спортклуб Н1.
По дуелот со Александар Милер, половина час по полноќ, Ѓоковиќ направи гест за кој веќе многу се зборува.
Иако српскиот тенисер го победи Французинот Александар Милер со 6:1, 6:7(7), 6:2, 6:2, фокусот колку на резултатот, толку беше и на неговиот гест по натпреварот.
Ѓоковиќ, откако го поздрави противникот, публиката и неговото семејство, изведе препознатливо „пумпање“ со раката што неговите фанови, особено од Србија, веднаш го препознаа и бурно коментираа на социјалните мрежи.
„Тоа е меѓу мене и моите деца. Имаме две песни што ги слушаме во последно време. Разговаравме за тоа дека кореографијата би можела да биде соодветна за секоја победа на Вимблдон. Така ќе славам и после секоја победа. Тоа е симболична паралела“, рече Ѓоковиќ.
Како што додаде тој, од двете песни за кои зборува, едната е странска песна, односно „денс“ хит која се вика „Pump It Up“, а другата е домашна (српска) „Баци све са себе, играј, играј“, во која се пее „пумпај, пумпај, зашто си стао“.
View this post on Instagram
