fbpx

Ги зајакнуваме односите со Кина за идна експанзија на економската соработка, рече Заев

-

Премиерот Зоран Заев на Самитот на шефови на влади за соработка на земјите од Централна и од Источна Европа со Народна Република Кина, ги претстави позициите на Македонија за подобрување на бизнис-климата во земјата и за унапредување на животниот стандард на граѓаните.

– Владата на Република Македонија ќе продолжи со активностите кои имаат цел значително да ја подобрат бизнис-климата, преку воспоставување подобра институционална инфраструктура за привлекување инвестиции, што ќе повлече забрзување на економскиот пораст, развој на приватниот сектор и отворање на нови работни места – посочи премиерот Заев во своето обраќање на пленарната сесија на економскиот, трговскиот и финансиски форум на овој самит.

Заев во своето излагање оддаде признание на Варшавската иницијатива која, како што рече, овозможила земјите од Централна и од Источна Европа да прераснат во мост што ги поврзува земјите од Западна Европа, Централна Азија и Кина. Тој истакнал дека овој потенцијал е од извонредно значење за регионот и дека земјите во него треба да го искористат овој момент за реални и конкретни проекти кои ќе донесат економски пораст.

– Би сакале да бидеме вклучени во повеќе настани за промоција на нашата трговија во рамки на процесот за соработка 16+1. Би сакал да апелирам кон кинеските институции да продолжат уште повеќе да го промовираат принципот на трговски олеснувања, што треба да резултира со олеснет пристап на нашите производи до кинеските пазари и учество на саеми и други бизнис-активности – порача Заев.

Премиерот Заев ги информираше присутните на форумот дека Република Македонија ќе биде домаќин на неколку важни настани поврзани со процесот на соработка со Народна Република Кина, како што е „Кина SEEC Координативен центар за културна соработка“.

– Координативниот центар за култура ќе биде основан во јануари 2018 година во Министерството за култура на Република Македонија. Би сакал да ве информирам дека нашата земја ќе биде домаќин и на петтиот Кинески симпозиум за соработка на земјите од Централна и од Источна Европа во 2018 година и на четвртиот состанок на министри за културна соработка во 2019 година – рече Заев, додавајќи дека соработката се одвива во области како што се здравството и медицината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...