„Гестот зборува сам за себе“: Германците реагираат на наводниот нацистички поздрав на Илон Маск

Мишел Фридман, истакнат германско-француски публицист и поранешен заменик-претседател на Централниот совет на Евреите во Германија, ги опиша постапките на Маск по инаугурацијата на Доналд Трамп како претседател на САД

-

Имаше гневни реакции низ Европа за наводната употреба на поздрав од страна на Илон Маск, кој е забранет поради нацистички поврзаности во Германија, каде што некои го осудија како злонамерна провокација или гест на солидарност со екстремно десничарски групи, пренесува Гардијан.

Мишел Фридман, истакнат германско-француски публицист и поранешен заменик-претседател на Централниот совет на Евреите во Германија, ги опиша постапките на Маск по инаугурацијата на Доналд Трамп како претседател на САД – како срам за тоа што го има напревно, и изјави дека Маск покажува дека е достигната „опасна точка за целиот свет“.

Фридман, кој потекнува од семејство на полски Евреи, од кои малкумина преживеале во Холокаустот, изјави за дневниот весник Тагесшпигел дека бил шокиран додека ја гледал инаугурацијата во живо на телевизија. Тој додаде дека, според него, Маск недвосмислено го изведол нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“, и покрај обидите да се минимизира настанот.

„Си помислив, кршењето на табуата достигнува точка што е опасна за целиот слободен свет. Брутализацијата, дехуманизацијата, Аушвиц – сето тоа е Хитлер. Масовен убиец, воен поттикнувач, личност за која луѓето не беа ништо повеќе од бројки – плен, недостојни за спомнување,“ рече Фридман.

Шарлоте Кноблох, претседателката на еврејската заедница во Минхен и Горна Баварија, го опиша гестот како „крајно вознемирувачки“. Но, таа изјави дека гестот не е толку значаен како неодамнешните обиди на Маск да се вмеша во германската политика, каде што тој ја поддржа крајно десничарската Алтернатива за Германија пред следниот месец, кога ќе се одржат федералните избори.

Олаф Шолц, германскиот канцелар, изјави дека ja смета поддршката на Маск за екстремната десница за неприфатлива, откако беше прашан како смета дека Европа треба да реагира на технолошкиот милијардер, особено во светло на неговото поддржување на AfD. Ко-лидерот на AfD, Тино Хрупала, беше меѓу членовите на европската екстремна десница кои беа во Вашингтон за инаугурацијата на Трамп.

„Во Европа имаме слобода на говор, и секој може да каже што сака, дури и ако е милијардер. Она што не го прифаќаме е ако ова значи поддршка на екстремно десничарски позиции и тоа е она што сакам да го повторам повторно.“, изјави Шолц.

Шолц исто така повика граѓаните да бидат смирени и да останат со „студени глави“ како одговор на администрацијата на Трамп, и да не креваат паника која што може да ескалира.

Маск, си даде за слободна повторно да излезе на својата социјална мрежа  X, и повторно даде директни критики за тие што нешто ќе му кажат погрешно. Тој напиша над постот за забелешките на канцеларот, каде го навреди со: „Сработа Oaf Schitz!“.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...