Германската фирма „Киблер“ и Германското сојузно министерство за економска и развојна соработка од Бон, на Одделот за конфекциска техника на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе му подарат единаесет индустриски машини за шиење и додатен прибор.
Донацијата е во вредност од 7.500 евра, а ќе биде предадена в среда, во присуство на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.
Фирмата „Киблер“ и претходно има донирано материјали за шиење во вредност од 5.000 евра.
Соработката се остваруваше во рамки на двегодишниот проект за јавно-приватно партнерство меѓу фирмите „Босут“ од Куманово и „Киблер“ и Сојузното министерство за економска соработка, со цел квалификување и воведување нови производствени методи за зголемување на конкурентноста на македонската конфекциска индустрија.