fbpx

Германски експерти со забелешки за предложените измени во законот за нотаријат

-

Германски експерти по право имаат низа забелешки на најавените измени на законот за нотаријат, со кои се воведува обврска за ангажирање правен застапник при склучување одредени договори пред нотар.

Тие велат дека новите измени на законот може да донесат само хаос и ривалство меѓу колегите кои треба да се држат секој до своите области, пренесува „Алсат-М“

– Многу фантазија ни е потребно за тоа. А зошто ни е потребна фантазија, бидејќи никаде не постои тоа, никаде. Постоеше едно време во Грција, па го укинаа. Причините беа финансиски, бидејќи многу беа повисоки трошоците за странките. Но, оваа идеја која ја имате во овој предлог-закон е вистински легислативен уникат. Ако споредиме закони од повеќе држави, треба да размислиме која е причината во една држава како Македонија да се појави ваква идеја. Искрено, не знам… – вели д-р Стефан Цимерман, почесен претседател на Германско здружение на нотари, пренесува „Алсат-М“.

Според, Цимерман и претседателот на Сојузната нотарска комора на Германија, Рихард Бок, за разлика од адвокатите, нотарите се како посредници кои ги советуваат двете страни и подготвуваат документ кој е најдобар за двете страни, а адвокатите, пак, секогаш бранат само една страна.

Од нотарската комора на Македонија велат дека новите измени во законот целосно ќе го нарушат концептот на досегашната работа.

– Ние сметаме дека на овој начин ќе дојде до нарушување на Латинскиот нотаријат и би се вовела една процедура која не постои во ниту една земја, ниту во регионот, ниту пошироко – вели Зорица Пулејкова, претседателка на нотарска комора.

Со новите измени се предлага при сите составувања нотарски акти во вредност поголема од 20.000 евра и приватни исправи во вредност поголема од 10.000 евра, задолжително мора да има адвокат.

Од присуство на адвокат, ослободени се само лизинг-компаниите, банките, осигурителните друштва и државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...