Германски експерти од Федералната криминалистика ќе помогнат околу истрагата за несреќата во Тетово

-

Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) пристигнуваат деновиве во Северна Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово, информираат од Владата на РСМ.

„Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово. Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција, чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација. Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи,“ се вели во соопштението.

Од Влада додаваат дека станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7.000 вработени. Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Одговорните од Иницијативата „Кој е следен?“ на нивниот профил на Инстаграм ги повикуваат граѓаните на собир пред Собранието во 11 часот. Во повикот пишува секој да си понесе столче. „Кога тие ги...

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на новинарите во сите редакции им испрати табела со бројот на загинати по возраст. Од неа произлегува дека загинале 3 лица на возраст од 16...

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Одговорните од Иницијативата „Кој е следен?“ на нивниот профил на Инстаграм ги повикуваат граѓаните на собир пред Собранието во 11 часот. Во повикот пишува секој да си понесе столче. „Кога...