fbpx

Германската компанија „Герешајмер“ ќе отвори фабрика во Бунарџик

-

Германската компанија „Герешајмер“ влегува на македонскиот пазар со инвестиција во Бунарџик, која ќе се реализира во повеќе фази, соопштија денеска премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Фабриката за производство на фармацевтски амбалажи и производи ќе почне да се гради годинава, а со производство се очекува да започне следната година. Се очекуваат 400 вработувања. Од Владата не открија колку ќе чини оваа инвестиција, туку најавија дека ќе биде една од најголемите.

„Ова е втора инвестиција по поканата за членство во НАТО. Инвеститорите ја препознаваат стабилноста и сигурноста на државата како дестинација. Од почнувањето на мандатот до сега, имаме 18 инвестиции во ТИР-зоните и надвор. Целта ни е да ги задржиме младите, да отвораме работни места со достојни приходи“, рече Заев.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека „Герешајмер“ има 50 фабрики во 13 држави во Европа, Азија, Јужна и Северна Америка, а фабриката во нашата држава е прва во Југоисточна Европа.

„Компанијата е основана 1864 година со промет од 1,3 милијарди евра што е една третина од македонскиот буџет. Ги посетив фабриките во Германија и Чешка, станува збор за високотехнолошка фабрика која е специјализиран за произвдоство на амбалажи за фармацевтска индустрија како пенкала за инсулин, инхалатори за астма, мерење на шеќерот во крвта и др“, рече Анѓушев.

Тој додаде дека ќе се вработуваат инжинери и ќе се отвораат работни места со високотехнолошко знаење.

На прашањето како ќе се обезбедат овие работници, кога државата има недостаток на ваков кадар, Анѓушев одговори дека идејата е да се отворат 400 добро платени работни места со високо-стручен кадар, отколку 6.000 со мала плата.

„Го прилагодуваме образовниот систем за потребите на индустријата, го реорганизираме образованието во дуално, го зголемуваме капацитетот на техничките струки. Исто така имаме максимални 20 милиони евра за преквалификација на невработените. Мерките обезбедуваат квалитетна работна рака за индустријата“, одговори Анѓушев кој до крајот на годината очекува дека бројката на инвестиции ќе се заокружи на 30.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...