fbpx

Германската „Гересхајмер“ во Бунарџик отвори фабрика за медицинско стакло

-

Во технолошко индустриската развојна зона „Скопје 2“ денеска германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ официјално го означи почетокот на својата инвестиција, новата фабрика за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Вредноста на инвестицијата е минимум 25 милиони евра, а во новата фабрика треба да се вработат 400 лица.

Според Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“, поради ковид пандемијата оваа инвестиција беше одложена за околу половина година, но во следните два до три месеци ќе има значајно производство.

Петгодишниот инвестициски циклус на оваа компанија започна во 2019 година, а треба да заврши до 2024 година, со најмалку 25 милиони евра. Од компанијата најавуваат и втор инвестициски циклус за производство на стаклени шприцеви за медицински потреби.

На официјално отворање на фабриката присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче, за економија, Крешник Бектеши, како и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

„Ова е прва инвестиција на „Гересхајмер“ во Југоисточна Европа“, а ќе биде најголемата поединечна инвестиција во земјава од областа на медицината и фармацијата“, рече Заев, кој додаде дека компанијата низ светот има 10.000 вработени и приход од 1,4 милијарди евра.

Според Деспотовски, ова е една од компаниите која дава двојно повисоки плати од државниот просек. Тој најави дека набргу ќе биде потпишан и договор за друга голема странска инвестиција во земјава. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...