fbpx

Германската актерка Барбара Сукова ги бара Билјана и Зорица, коишто ги запознала пред Скопскиот земјотрес

-

Германската актерка Барбара Сукова, најголемата ѕвезда на годинашното издание на белградскиот филмски фестивал ФЕСТ, изрази желба повторно да се види со своите врснички, Зорица и Билјана, коишто во 1963 година ги запознала во Охрид, јави српската телевизија „Нова“.

Имено, по посетата на Барбара Сукова во 1963 година на поранешна Југославија, и на Охрид и Скопје, каде патувала заедно со родителите, таа подоцна во своето училиште во Германија собирала помош за настраданите во скопскиот земјотрес (26 јули 1963). Од Скопје, тогаш 13-годишната Сукова, со родителите заминала само еден ден пред катастрофата.

Таа веднаш во своето училиште почнала да собира храна и облека, како хуманитарна помош, што ја испратила на адреса на нејзините врснички. Веднаш потоа Зорица и Билјана, во знак на благодарност ѝ испратиле подавалник со мали филџани за кафе, извести телевизијата „Нова“.

„Во таа 1963 година, кога имав 13 години, со родителите бев во поранешна Југославија. Бевме и на Охридско Езеро, каде што запознав две млади девојки, Зорица и Билјана. По Охрид, отидовме во Скопје. Но еден ден откако заминавме од Скопје, се случи страшен земјотрес и знам дека хотелот во кој бевме беше целосно срушен. Ја имав адресата на тие девојки, и во училиштето во Германија собиравме облека, храна за настраданите и оштетените во земјотресот. Таа стигна до Зорица и Билјана и тие како благодарност ми испратија подавалник со мали, прекрасни шолји за кафе. Секогаш го чував, го носев со себе во секој нов стан, во секој град во кој се преселував“, објаснува Барбара, напоменувајќи дека оттогаш го загубила контактот со Зорица и Билјана.

Таа објасни дека не е на социјалните мрежи и побара луѓето со добра волја да ѝ помогнат повторно да стапи во контакт со своите некогашни другарки Зорица и Билјана.

Германската актерка на ФЕСТ го претстави филмот „Далиленд“ во којшто ја игра Гала, сопругата и музата на познатиот сликар Салвадор Дали (го игра Бен Кингсли). Барбара Сукова вчера го доби почесното признание „Белградски победник“ на ФЕСТ, за севкупен придонес на филмската уметност.

ИзворНова.рс

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...