Германскиот министер за одбрана изјави дека одлуката на САД да повлече 5.000 војници од неговата земја е „предвидлива“, додека воениот сојуз НАТО вели дека бара појаснување од Вашингтон, објави Би-Би-Си.
Во разговор за новинската агенција ДПА, Борис Писториус, исто така, нагласи дека „присуството на американски војници во Европа, а особено во Германија, е во наш интерес и во интерес на САД“.
Во меѓувреме, портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека алијансата „работи со САД за да ги разбере деталите од нивната одлука“.
Кога во саботата навечер беше прашан за повлекувањето на трупите, Трамп рече: „Ќе ги намалиме значително, и тоа многу повеќе од 5.000“. Тој не даде повеќе детали.
Потегот на Вашингтон доаѓа откако претседателот Доналд Трамп го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц за тоа што изјави дека САД биле „понижени“ од иранските преговарачи во тековната војна.
Трамп, исто така, предложи повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија.
Минатата година, Вашингтон одлучи да го намали присуството на своите војници во Романија, како дел од планот на Трамп да го префрли фокусот на американската воена посветеност од Европа во Индо-пацифичкиот регион.
Сега во рамките на 32-члената НАТО алијанса расте загриженоста дека најновата одлука на САД би можела да ја ослабне организацијата.
„Најголемата закана за трансатлантската заедница не се нејзините надворешни непријатели, туку континуираниот распад на нашиот сојуз“, предупреди во саботата полскиот премиер Доналд Туск.
„Сите мора да направиме сè што е потребно за да го смениме овој катастрофален тренд“, додаде тој.
