fbpx

Германија ќе ги заостри законите за оружје, императив е да се заплени оружјето на радикалното германско десничарско движење

-

Откако германската полиција уапси 25 луца за планирање државен удар во Германија кои, како што пренесе Еј-би-си Њуз пред неколку дена, се осомничени дека работеле во рамките на Граѓанското движење на Рајхот, означено како терористичка организација, германските власти планираат да ги заострат законите за оружје.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фесер,  во интервјуто за Билд ам Зонтаг, вели дека членовите на Рајхсбиргер претставуваат се поголема закана за Германија, имајќи предвид дека нејзиното членство се зголемило од 2.000 на 23.000 оваа година.

Обвинителството соопшти дека меѓу осомничените има и лица кои поседуваат лично оружје и знаат да го употребат. Покрај тоа, движењето прави редовни обиди да регрутира сегашен и поранешен воен персонал и има складирано оружје.

„Императив е сите власти да извршат максимален притисок за да се заплени ова оружје”, рече Фесер.

Поради ова, федералната влада, како што најави, дополнително ќе ги заостри законите за оружје во блиска иднина.

Според германската полиција, водачот на оваа група бил самонаречениот принц Хајнрих XIII Ројс, кој со помош на поранешен пратеник го формирал ова движење со цел да ја собори актуелната власт во Германија и да ги врати Рајхот и монархијата.

Тие, наводно, веќе го подготвиле своето раководство да биде поставено по државниот удар. Меѓу уапсените се и поранешни припадници на армијата, како и руска државјанка.

Уапсените осомничени се дел од терористичка група чија цел била да го урне постојниот државен поредок во Германија. Тие се уапсени во покраините Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Хесен, Долна Саксонија, Саксонија, Тирингија, како и во Австрија и Италија.

Како што објави Јутарњи лист, тие пред неколку години за своите терористички акции набавиле оружје и од Хрватска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...