Фото: Mitchell Luo на Unsplash

Германската влада донесе одлука да инвестира 500 милиони евра за подобрување на системот на вентилација во јавните установи, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Ќе се доделуваат неповратни средства за да се подобри циркулацијата на воздухот во јавните установи, музеите, театрите, факултетите и училиштата. Приватните компании засега не можат да се пријават за овој вид на финансиска поддршка, пишува регионалниот деловен портал SEEbiz.eu.

Вирусите се шират преку ситни капки, кои се нарекуваат аеросоли, а кои заразените лица ги издишуваат, посебно кога кашлаат или имат течење од носот. Истражувањата покажале дека аеросолите можат да останат во воздухот од просторијата околу 8 минути. Ниските температури ги доведуваат луѓето во поризична ситуација од зараза со корона вирусот, затоа што повеќе време поминуваат во затворена просторија. Затоа, главната цел е да се подобрат постојните системи за вентилација, што е поевтина варијанта отколку инсталирање на нова.

За секоја надградба може да се добијат од државата максимум 100 илјади евра. Финансирањето е исто така достапно и за ЦО2 сензорите, кои покажуваат кога воздухот во просторијата е устојан. Паричната поддршката ќе се доделува од вторник, 27 октомври). Владата сака во училиштата каде што нема централна климатизација на системите, да воведат барем мобилен прочистувач на воздухот. Но, тоа во голема мера ќе зависи од тоа дали просториите можат да се проветруваат со едноставно отворање на прозорци. Препраката од германската влада е барем на секои пет минути да се проветруваат просториите, и тоа на секој час, посебно во текот на смените на одделенијата во училиштата.