fbpx

Германија и понатаму колеблива за испраќање тенкови за Украина и покрај бројните повици

-

Германија се оглушува на одлуката за испраќање тенкови и оклопни борбени возила како поддршка за Украина и покрај зачестените повици од Кијив и западните сојузници, пишува Си-ен-би-си.

Западните сили денеска се договорија за зголемување на својата воена помош за Украина, но Германија е колеблива во поглед на понатамошна испорака на тенкови.

„Денеска не можеме сѐ уште сите да кажеме кога ќе се донесе одлука за Леопард [тенковите] и како ќе изгледа таа одлука“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус по средбата во Воздухопловната база „Рамштајн“, на која разговараше со неколку значајни министри за одбрана од светот, вклучително и со американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.

Писториус, на вториот ден од стапувањето на функцијата, по неочекуваната оставка на неговата претходничка Кристин Ламбрехт, нагласи дека сака Берлин да биде подготвен ако и кога биде донесена одлуката за тенковите Леопард 2 и дека наредил инвентаризирање на овие тенкови – и оние што ги користи војската и оние што се во индустриските залихи.

„Ние всушност не се колебаме, ние само многу внимателно ги споредуваме плусовите и минусите – не зборуваме само за доставување некому нешто, ова е нова мерка што би ја избрале, па мора да бидеме внимателни бидејќи имаме обврска внимателно и интензивно да разгледаме што може да бидат последиците за кого било во тој конфликт“, рече Писториус.

Украина постојано бара тенкови од западните сојузцници, а посебно е заинтересирана за германските Леопард 2.

Функционерите во Берлин изгледа се исплашени дека доставувањето оружје може да да ги засили воените дејствија на Москва, која веќе го обвини Западот дека води „посредна војна“ против Русија во Украина, пишува Си-ен-би-си.

Германија би требало да ѝ испорача на Украина 50 системи за противвоздушна одбрана. Пред извесно време Берлин и Вашингтон се согласија за пакет помош на Украина „тежок“ три милијарди долари, во кој се вклучени и 40 пешадиски борбени возила „Мардер“, и одбранбен ракетен систем „Патриот“. САД ќе испрати 50 борбени возила „Бредли“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...