Германија, Франција и Велика Британија се подготвени да одржат итни разговори со Иран за нуклеарната програма на Техеран во обид да се деескалира ситуацијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
Вадефул, кој е во посета на Блискиот Исток, рече дека се обидува да придонесе за деескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран и истакна дека Техеран претходно не успеал да ја искористи можноста да започне конструктивни разговори.
„Се надевам дека тоа е сè уште можно Германија, заедно со Франција и Велика Британија, се подготвени. Му нудиме на Иран итни преговори за нуклеарната програма, се надевам дека понудата ќе биде прифатена “, изјави Вадефул за германскиот јавен радиодифузер АРД доцна во саботата и додаде дека тоа е исто така клучен предуслов за постигнување смирување на овој конфликт, дека Иран не претставува опасност за регионот, за Израел или за Европа.