fbpx

Германија блокирана од штрајкот на вработените во јавниот превоз

Откажани летови и возови, нефункционален јавен превоз во градовите е ретко случување со кое се соочува Германија во текот на денешниот ден

-

Германската транспортна мрежа е речиси во целосен застој, бидејќи земјата го доживува еден од најголемите штрајкови во последните децении. Персоналот на аеродромите, пристаништата, железницата, автобусите и метрото непосредно по полноќ го започна штрајкот кој вклучува 24-часовен прекин на нивното работење, пишува Би-би-си.

Два од најголемите германски синдикати бараат повисоки плати за да им помогнат на своите членови да се справат со зголемените трошоци за живот.

„Мега штрајкот“, како што беше наречен во локалните медиуми, ги погоди локалните и регионалните возови со кои управува германскиот национален железнички оператор Дојче бан.

Локалните услуги за јавен превоз, вклучувајќи трамваи и автобуси, исто така не работат во седум држави.

„Цените на бензините и храната се зголемија“, изјави еден демонстрант во Берлин за новинската агенција АФП. „Го чувствувам тоа во мојот паричник“.

Откажани се илјадници летови, вклучително и од двата најголеми аеродроми во земјата – Минхен и Франкфурт.

Повеќе летови од аеродромот во Минхен исто така беа прекинати во неделата поради штрајкови.

Здружението на германските аеродроми соопшти дека околу 380.000 патници во авиосообраќајот ќе бидат погодени од штрајкот, но додаде дека тоа е „надвор од секоја замислива и оправдана мерка“.

Џени Хил, дописник на Би-Би-Си од Берлин, вели дека е многу ретко спорот околу платата да ескалира толку драматично во Германија, но овој пат два од најголемите синдикати во земјата ги здружија силите.

Верди претставува околу 2,5 милиони вработени во јавниот сектор, вклучително и во јавниот транспорт и на аеродромите. Тие сакаат да обезбедат зголемување на платите за персоналот од 10,5 отсто.

Синдикатот ЕВГ претставува околу 230.000 вработени во Дојче Бан и други автобуски компании. Сака зголемување на платите за 12 отсто.

И двата синдикати се надеваат дека штрајкот ќе го зголеми притисокот врз работодавците пред уште една рунда преговори за платите оваа недела.

Претседателот на ЕВГ, Мартин Буркерт, изјави за регионалниот весник Аугсбургер Алгемајне дека работодавците сè уште не им дале одржлива понуда и предупреди дека може да има дополнителни штрајкови, вклучително и за велигденскиот одмор.

Дојче бан е меѓу организациите кои го осудија штрајкот, опишувајќи го како „целосно прекумерен, неоснован и непотребен“.

Некои претставници на работодавачите, исто така, предупредија дека синдикатите поставуваат неразумни барања. Сепак, неодамна се преговараше за успешно зголемување на платите во одредени сектори, па така поштенските работници добија зголемување на платите од 11,5 отсто на почетокот на март.

Откажани се повеќе од 2.300 летови со понеделничкиот штрајк, а претставниците на здруженијата на мали и средни бизниси ги обвинија синдикатите дека за свои интереси ја земаат во заложништво целата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...