Македонија Германија даде зелено светло за влез на државата во НАТО

Германија даде зелено светло за влез на државата во НАТО

Германскиот Бундестаг го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО. Германија стана 16. држава од 29 земји-членки кои го официјализираа пристапувањето во најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Владата на Германија изразува убеденост дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.

На ратификацијата на членството се спротивставија популистичката Алтернатива за Германија (АфД) и Левицата.

Претходно и Норвешка го ратификуваше протоколот за влез на државата во НАТО.