Според Институтот „Роберт Кох“, во Германија во последните 24 часа бројот на нови случаи со Ковид-19 изнесувал 3.677. Како што беше соопштено утрово, тоа е четврти ден по ред како се бележи намалување на бројот на ново дијагностицирани со корона вирусот.

Вчера беше соопштено за 5.936 нови случаи.

Претпладнево вкупната бројка на дијагностицирани со новиот корона вирус во Германија изнесува 100.123.

Со тоа, земјата е на четвртото место во светот, по САД со 337.638, Шпанија со 131.646 и Италија со 129.948 лица со Ковид-19, покажуваат податоците што ги објави американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот.