Вчера, заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во САД, го предаде официјалниот документ за ратификација на протоколот за пристапот на Република Северна Македонија во НАТО, информираат од Амбасадата на Германија во Македонија.
„Со тоа, во Германија постапката за ратификација за пристапување на Северна Македонија во НАТО е завршена“, соопштуваат од таму.
Германскиот Бундестаг го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО на 6 јуни.