Полицијата уапсила државјанин на Германија кој со дрон снимал воени објекти во земјава. како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија кој е осомничен за кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на Армијата на Македонија, место што е во забранета зона за снимање.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР