Герила акција на Машинскиот факултет: Форумот за образовни промени побара отстранување на Кочо Анѓушев од работа

„Со заштитата на лице кое е non-grata, УКИМ дополнително го нарушува и онака нискиот кредибилитет на академските вредности во општеството“, велат од Форумот за образовни промени

-

Бело платно со натпис „Како да завршиш на американската црна листа? Прашај го професорот“ вчера се најде на Техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) пред зградата на Машинскиот факултет.

Со оваа герила акција, Форумот за образовни промени (FECH) на првиот ден од летниот семестар побара отстранување од работа на универзитетскиот професор Кочо Анѓушев, кој се наоѓа на американската црна листа.

„За да го истакнеме фактот дека еден од најкорумпираните и најбезинтегритетни личности како Кочо Анѓушев сè уште предава на Машинскиот факултет, Форумот за образовни промени денес беше присутен на кампусот на Машински факултет за да реализира една симболична акција. На студентите, во првиот ден од семестарот, ги потсетивме дека корупцијата не е нешто што треба да се нормализира и толерира, особено не кога доаѓа од некој кој треба да биде нивен патоказ – универзитетски професор“, велат од Форумот за образовни промени.

Од таму додаваат дека на деканот на Машинскиот факултет му испратиле јасна порака дека не се повлекуваат од барањето за разрешување на Анѓушев.

„Ние сметаме дека интегритетот и чесноста на еден професор се од суштинско значење, додека Анѓушев ги прекршил сите принципи. Неговото присуство меѓу професорите ги компромитира основните вредности на академскиот интегритет и ја шири културата на корупција меѓу идните генерации. Со заштитата на лице кое е non-grata, УКИМ дополнително го нарушува и онака нискиот кредибилитет на академските вредности во општеството“, додаваат од FECH.

Од таму велат дека преку оваа акција ги потсетуваат и надлежните институции на барањето измени во Законот за рестриктивни мерки, кои би овозможиле воведување на санкции и на национално ниво за сите што се наоѓаат на американската црна листа.

„Забраната за вработување во образовните институции мора да биде една од предвидените мерки во овој закон“, велат од Форумот за образовни промени.

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...