На плоштатчето кај Службен весник на „Партизанска“ денеска минувачите можеа да видат герила акција „Литро крв за една потрошувачка кошничка“, организирана од Центарот за современи уметности (ЦСУ). Акцијата е инспирирана од најавите за бојкот на маркетите поради зголемите цени.
„Сведочиме на ценовен хаос и поскапувања кои водат до се поголем пад на животниот стандард. Цените токлу брзо се менуваат што граѓаните се почесто во маркетите се шегуваат со вработените велејќи им „држи ја цената додека да извадам пари“
Со оваа акција ние како уметниици даваме активна поддршка на бојкотот на маркетите и се надеваме дека ваквите акции ќе извршат доволна мобилизација на граѓаните за да се креира притисок кон носителите на одлуки сериозно да се зафатат со проблемот на превисоките цени во маркетите а и на пазарите (иако земјоделците се соочуваат со исклучително ниски откупни цени на своите производи) и конечно властите да почнат да носат одлуки и решенија во корист на граѓаните, а не на крупниот капитал чиј интерес е единствено профитот,“ велат во соопштението.
Како што објаснуваат, акцијата има за цел да ги потсети креаторите на кризи и оние трговци кои спроведуваат не фер трговски практитки дека „најлошото место во пеколот е резервирано за алчните трговци“.