Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски побара од Министерството за внатрешни работи (МВР) итно да реагира на вандалското однесување од страна на група малолетнициво скопската населба Капиштец. На своите профили на социјални мрежи, Герасимовски сподели видео во кое се гледа како група млади кршат шишиња, пукаат петарди и се тепаат.
Овој настан не е првиот од ваков карактер во центарската населба. На средината на ноември, група малолетници обија багер. Тие успеаја да го вклучат и да се возат во него, по што тие удрија во еден автомобил и оштетија систем за наводнување. Неколку месеци претходно, излезе видео во кое се гледаше група малолетници оштетува детско игралиште.
Градоначалникот најави дека следува пријава и директно го повика МВР да поведе истрага.