понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Генерaлниот секретар на НАТО Марк Руте утре доаѓа во Скопје

Руте ќе се види со Сиљановска-Давкова, со Христијан Мицкоски, Африм Гаши, со пратениците во Собрание и со војниците од касарна „Илинден“

Марк Руте | Фото: World Economic Forum from Cologny, Switzerland, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Со највисоки воени почести утре претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.

По пречекот ќе следува тет-а-тет средба, како и пленарен состанок помеѓу македонската делегација и делегацијата на НАТО. Руте ќе се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши, а потоа ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.

Според официјалното соопштение, генералниот секретар ќе ја посети и касарната „Илинден“.

„Согласно програмата, за време на посетата предвидено е обраќање на генералниот секретар на НАТО, по што ќе следува презентација на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) и обиколка на дел од опремата која е во состав на оваа единица. На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.

Повеќе од оваа категорија