Во македонските медиуми се објави аудио снимка на која се слуша како генералниот секретар на Владата на Северна Mакедонија, Драги Рашковски наводно врши незаконски влијанија и местење на тендер за М-НАВ ( Македонска навигација) со италијанска фирма.  

Во разговорот со претставниците на фирмата која треба да постави нов радарски систем на македонскиот аеродромима индиции за неколку прекршувањa на законот, расистички испади, но и навреди за Италија и ромската популација од страна на Рашковски. 

По објавениот скандал, медиумите и најголемата опозициска партија во земјата, ВМРО-ДПМНЕ бараа оставка од генералниот секретар на Владата на Северна Македонија. ВМРО ДПМНЕ дури и поднесе пријава за Рашковски до Јавното обвинителство од кое побара да му одреди и притвор. 

Но, наместо оставка, Рашковски најави тужби за повеќе лица за клевета, дури и за медиумите. 

Договорот за избор на италијанската фирма „Леонардо“, како што се бранеше Рашковски, е потпишан од страна на менаџментот поставен од минатата власт, односно од Живко Поповски, татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски. Исто така негираше дека договорал провизија. 

Рашковски кажа дека жали и дека им се „извинува до небо“ на сите што се чувствуваат навредени 

Здружението на новинари на Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веднаш реагираа за како што кажаа „непримерниот и дрзок однос проследен со закани за тужби за клевети кон новинарите на генералниот секретар. 

„Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“, велат од ЗНМ и АВМУ. 

Но, генералниот секретар доби поддршка и од премиеротЗоран Заев, кој кажа дека нема да бара оставка од Рашковски. Според него, најпрво треба да се согледаат последиците од целиот случај, па потоа да се донесе одлука. Заев додаде дека Рашковски ги исполнувал сите свои работни обврски, а и јавно се извинил за случајот. 

Антикорупциската комисија по допрен глас ќе отвори постапка за предмет, односно ќе проверува дали Рашковски навистина имал добиено задолжение од Владата да разговара за тендерот и дали е законски да преговара со претставници на италијанската компанија, но и за обвинувањата од опозицијата дека тој договарал мито. 

А од Јавното Обвинителство сè уште нема никакви реакции. 

Ова не е единствен скандал поврзан за генералниот секретар на Владата на Северна МакедонијаОн важи како човек од доверба на премиерот Зоран Заев за кој медиумите пишуваа дека вработил свои роднинии новинарите често го обвинуваа дека не е транспарентен, и дека криеше и документи од јавен интерес од медиумите.