Генерален штрајк во Србија: студентите повикаа на граѓанска непослушност, граѓаните не одат на работа, дел од продавниците се празни

Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии. На генералниот штрајк се приклучија и дел од медиумите, а Н1 објави дека денес ќе известува само за штрајкот.

-

Во Србија денес има генерален штрајк, односно „општограѓанска непослушност“, при што студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија да не одат на работа, на предавања и да не ги извршуваат секојдневните обврски, јавува српскиот сервис на Н1.

„Ги земаме работите во свои раце. Вашето учество прави разлика“, им порачаа студентите на граѓаните.

Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии. На генералниот штрајк се приклучија и дел од медиумите, а Н1 објави дека денес ќе известува само за штрајкот.

Најавено е дека во 11 часот и 52 минути на повеќе локации во земјата ќе продолжи комеморацијата во чест на загинатите во несреќата на железничката страница во Нови Сад, по што ќе следува генералниот штрајк.

За во 14 часот, пак, е закажан протест „Да разговараме, кој е толпа, а кој ѓубре“ (Da raspravimo, ko je rulja a ko hulja) во организација на одборот за протест на адвокатите пред зградата на Српското претседателство.

На генералниот штрајк се приклучуваат и средношколците.

Претседателот на ученичкиот парламент на Третата белградска гимназија, Стефан Марковиќ, за Н1 вели дека денес ќе имаат час во природа и генерален штрајк, при што пет часа ќе бидат на улица и ќе маршираат 15 километри низ Нов Белград.

Марковиќ вели дека средношколците во ова училиште имаат голема поддршка од наставниците, родителите и поранешните учесници за прекинот на наставата.

Движењето „Крени-промени“ објави неколку видеа на кои ја покажува својата поддршка за генералниот штрајк во Србија.

Едно од видеата е од продавници, кои вообичаено наутро биле преполни со потрошувачи, но не и денес.

Објавија и видео од центарот на Белград, во кое се вели дека централните белградски улици се речиси празни во утринскиот шпиц.

 

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...