fbpx

Генерал Патон не му е татко на Доналд Трамп

-

Таткото на Трамп, Фред, (Фредерик Крист Трамп) е роден во Њујорк 1905 година, а родители му се германски имигранти, Елизабет Крист и Фредерик Трамп. Мајката на Трамп, Мери Ен, е родена на остров и е една од десетиците илјади граѓани на Шкотска кои патувале во САД и Канада во раните години на минатиот век, барајќи начин да ги избегнат економските потешкотии. Доналд Трамп не ги крие своите симпатии за генерал Патон, но тоа на ниеден начин не значи и крвно сродство меѓу двајцата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека „генерал Патон е татко на Доналд Трамп“.

Генералот Џорџ С. Патон е генерал на американската армија од Втората светска војна. Тој и Доналд Трамп не се во никакво крвно сродство, иако поддржувачите на теоријата на заговор Кју Анон ја плетат таа приказна на интернет форумите и на социјалните мрежи.

Поради различни причини, светските медиуми екстензивно пишуваат за семејството на Доналд Трамп, вклучително и неговиот татко. Така Би Би Си на 3 октомври 2018 година, пишува за таткото на Трамп.

Њујорк Тајмс спровеле истражување во кое велат дека пронашле докази дека татко му на Доналд Трамп, Фред, избегнувал да плати данок со тактики да им го префрли своето богатство на неговите пет деца.

Таткото на  Доналд Трамп, Фред, (Фредерик Крист Трамп) е роден во Њујорк 1905 година, а родители му се германски имигранти, Елизабет Крист и Фредерик Трамп. Татко му веќе инвестирал во недвижнини, така што Фред продолжил по неговите стапки, основајќи компанија иницијално под името на мајка му бидејќи бил малолетен. Своето богатство го стекнал градејќи пристапни живеалишта за просечни семејства после Втората светска Ввојна. Многу од тие проекти се финансирани од владата, така што тој морал да излегува и пред сенатот на САД во 1954 година каде бил обвинуван дека профитира од договорите.

Мајка му на Доналд Трамп, Мери Ен, била родена на остров и била една од десетиците илјади граѓани на Шкотска кои патувале во САД и Канада во раните години на минатиот век, барајќи начин да ги избегнат економските потешкотии дома. Првпат таа дошла во Њујорк во 1930 година, на 18 годишна возраст барајќи работа како куќна помошничка. После шест години се омажила за успешниот бизнисмен во градежниот сектор, Фредерик Трамп.

Тие имале пет деца, а Доналд Трамп е четвртото по ред. Неговата мајка била родена во 1912 година во Тонг, Шкотска. Нејзиниот татко Малком имал поштенска канцеларија. После Првата светска војна, во која 1.000 луѓе од шкотскиот остров загинале, голем број на млади си заминале од островот.

Мери Ен била од многу големо семејство со девет браќа и сестри. На островот немало надеж за економски просперитет за младите луѓе. Така Мери Ен, заминала во Њујорк да работи како дадилка каде го запознала и Фред Трамп. Двајцата живееле во богат дел на Квинс и Мери Ен била ангажирана со организација на донаторски вечери и хуманитарна работа. Мајката на Доналд Трамп станала државјанин на САД во 1942 година и починала во 2000 година на 88 годишна возраст.

Доналд Трамп не ги крие своите симпатии за генерал Патон, но тоа на ниеден начин не демонстрира крвно сродство меѓу двајцата. Иако се смета за американски воен херој, Патон е исто така контроверзна фигура, пишува Ројтерс, затоа што е познат себепромотер, а пред неговата смрт во 1945 година, под знак прашалник ја поставил потребата да се отстранат нацистите од клучните позиции во германската повоена политика.

На 1.10.2022 година, Њузвик пишува дека Јутјуб отстраниле содржини од својата платформа креирани од страна на поддржувачи на теоријата на заговор Кју Анон, а во кои содржини биле изнесени низа небулози, меѓу кои и тоа дека Трамп му е внук на Бенито Мусолини, а и изнесената дезинформација во постот што го рецензираме, дека наводно неговиот вистински татко е генералот Џорџ Патон.

Во видеата, лидерот на Кју анон од Далас, Михаел Процман и други инфлуенсери и поддржувачи на теории на заговор, кои имаат десетици илјади следбеници на социјалните мрежи, промовираа бројни небулозни тврдења, меѓу кои тоа дека Трамп е во сродство со италијанскиот диктатор Мусолини. Во серијата фантастички тврдења, водителите во видеата тврдеа дека Исус Христос имал бројни следбеници, вклучително и убиениот претседател Абрахам Линколн, Џон Ф.Кенеди и генералот од Втората светска војна Џорџ Патон. Понатамошните бизарни тврдења изнесени од нивна страна беа и тоа дека Трамп е тајниот син на генерал Патон. Еден инфлуенсер напиша дека Трамп е генерал како и татко му Џорџ Патон, пишува меѓу другото во текстот на Њузвик.

Исто како и во постот што го рецензираме, Процман ги линкувал зборовите со фрази и зборови асоцирани со теоријата на заговор Кју Анон (практика наречена на англиски gematria).

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...