„Гејминг“ вести за нови наслови на игри кои наскоро ќе бидат објавени

Скриншот од главниот сајт на Lost Ark
Скриншот од главниот сајт на Lost Ark

Играта Dying Light 2 Stay Human беше неодамна објавена и покрена голем интерес, бидејќи наводно е вистинска надграба на првиот дел. Во приказната ја наоѓате својата долго изгубена сестра со која сте биле разделени како деца и одите на заеднички мисии. Parkour-от во играта е надограден со повеќе опции, а исто така има новитети и во „комбатот“.

Играта Lost Ark ќе се објави на 11 февруари и што е најважно ќе биде Free to play иако моментално на „Steam“ на располагање се дополнителни содржини и „founders pack“ опции за купување што веројатно ќе им дадат на играчите козметички промени во изгледот на ликовите во играта. Ова е графички супер направена игра која што ѝ е здрава конкуренција на „Диабло“ од „Близард“.

Кога сме кај „Близард“ неодамна имаше големи вести дека работат на нова Warcraft игра за мобилни телефони која што ќе биде бесплатна за играње. Играта ќе биде тематски во World of Warcraft – „светот“. Се шпекулира дека ќе биде слична на “Pokemon GO”. Но, исто така ќе има и паралелни содржини што ќе излегуваат во вид на „пачови“ посебно за WoW и Hearthstone.

Кога веќе зборуваме за ММО-а би се надоврзале со најавата за најновата експанзија за Guild Wars 2 наречена „End Of Dragons“ што ќе се објави на 28 февруари. За оваа игра известувавме за елитнитните специјализации додека траеа бета евентите така што веќе се знае многу. Ќе има сосема нов континент наречен „Cantha“ инспириран од Guild Wars 1 Factions, но модернизиран со „стимпанк“ и „сајберпанк“ елементи. Ако ја нарачете играта пред да излезе добивате неколку различни козметички бонуси во вид на скинови, како змејски скин за рапторот, нова наметка инспирирана од „Shing Jea“ манастирот, титули и чамец за риболов со специјален изглед.

На 18 февруари како ексклузива за PS4 и PS5 ќе се обајви играта „Horizon Forbbiden West“ продолжението на „Horizon Zero Dawn“. Новитетите што ги донесува поновата верзија се „комбат“ од блиску со специјално копје, јавање на дино-роботи, нови движења и способности, како и подводен комбат.