На вториот ден од „A1 Game Fest” кој се одржува во Синеплекс во „Скопје Сити Мол“ денеска на програмата се финалињата во главните турнири на фестивалот на игрите. До крајот на денот ќе се одлучат шампионите од земјава во CS:GO, Fortnite, Hearthstone, Dota2, Tekken7, FIFA20, Clash Royal.

Целосната агенда е објавена на ФБ евентот, а стрим во живо може да се следи на Twitch каналот GGTVMK. Доделувањето на пехарите и наградите ќе се одржи вечерва во 21 часот.

Покрај финалињата, се одржува и натпревар во Cosplay.