fbpx

Гаврилов: Новата влада спроведува медиумски мрак

-

„Сведоци сме на почетокот на медиумскиот мрак кој на дело го спроведува новата северно-корејска влада на Република Македонија. Имено, вчера неколку македонски медиуми објавија дека раководни лица во Владата селективно забраниле пристап на компјутерите на вработените до порталите „Курир“, „Инфомакс“, „Јавно“, „ТВ Нова“ и уште десетина други“, изјави денеска пред Владата Коче Гаврилов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Скандалозно е само по себе цензурирањето кое на дело се спроведува. Денес тоа е забрана во Владата на Република Македонија, утре тоа може да се однесува на сите државни институции, а на крај може да заврши со целосна забрана за нивно работење. Сè уште се свежи сеќавањата за директните закани кои ги добиваа новинари од овие медиуми, на кои им праќаа пораки дека ќе ги влечат по улици, на кои им кршеа простории и на кои директно вербално, па дури и физички им се закануваа – вели Гаврилов.

Според него, новата влада со ова покажала дека е подготвена на целосна ликвидација на медиумите кои известуваат за нивната работа објективно и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ бара сите новинарски и медиумски здруженија да ја осудат ваквата постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...