Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, како и неговиот американски колега, Џес Бејли, одлучи реакцијата за постигнатиот договор на лидерите на четирите политички партии по точките од Договорот од Пржино, да ја сподели на својот твитер-профил.

„Синоќешниот договор за владините функции е добредојден чекор напред. Сега е потребно да се спроведе што е можно поскоро и со добра волја. Добар резултат вчера. Сега битно е сите елементи на „Пржино“, вклучително и работата на специјалната јавна обвинителка да можат да продолжат без пречки или одложување“, напиша Гарет.