fbpx

Галовеј: Како НАТО сојузници цели 2 години, Обединетото Кралство и Северна Македонија тесно соработуваат

-

Амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј, по повод 2-годишнината од влезот на Северна Македонија во НАТО, потсети на досегашната соработка на двете земји.

„Од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО пред две години, Обединетото Кралство тесно соработуваше со Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на реализацијата на целите на способности поставени од НАТО. Нашата работа подразбираше редовно распоредување на краткорочни тимови за обука за советување во однос на тактиката на пешадијата и развој на лидерството“, потсети британската амбасадорка.

Како што посочи таа, советник назначен од Обединетото Кралство (ОК) е интегриран во Министерството за одбрана и е ангажиран за советување во однос на процесите и интероперабилноста на НАТО. Исто така, формирана е ќелија за координација на обуката во Скопје за да се усогласиме и оптимизира британската поддршка на обуката.

Галовеј потсети и на техничката и логистичка поддршка што ОК ја давало и уверува дека ќе продолжи да ја дава, посебно во поглед на обуките и користењето на воениот полигон „Криволак“.

„Обезбедивме донации и најсовремени системи за преноќување и во наредните месеци ќе испорачаме нови електронски мети и привремена зграда за урбана и хибридна обука на полигонот Криволак. Тесно соработуваме со Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија и нашите НАТО сојузници на подготовките за вежбата Брз одговор 22 [Swift Response 22], која вклучува повеќе од 4.000 членови од седум НАТО сојузници, вклучувајќи ги Северна Македонија, Обединетото Кралство, САД, Италија, Франција, Црна Гора и Албанија, а е една од најголемите воени вежби што ќе се реализираат оваа пролет на полигонот Криволак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...