Галетановски најавува тужба против Град Скопје, ќе отвора фондација за спас на Зоолошката градина

Во присуство на адвокат, денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и истите одбија да ми ги вратат со банални објаснувања. Документите не се разгледани (пликото не е отворено) ниту пак се пратени до градоначалничката на Град Скопје, поради што ќе следува тужба од моја страна, напиша Галетановски на Фејсбук

-

Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорги Галетановски, најави тужба против Град Скопје и Зоолошката градина, бидејќи и покрај тоа што поминаа два месеца од објавувањето на јавниот оглас за директор на установата каде што тој беше единствениот пријавен кандидат, нема никаква одлука. Неговите документи, како што вели тој, воошто не биле ниту разгледани, односно не било отворено ниту пликото.

„Одамна се поминати сите законски рокови за жалби. Во присуство на адвокат, денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и истите одбија да ми ги вратат со банални објаснувања. Документите не се разгледани (пликото не е отворено) ниту пак се пратени до градоначалничката на Град Скопје, поради што ќе следува тужба од моја страна“, напиша Галетановски на Фејсбук.

Тој најави дека неговиот следен чекор е формирање фондација под името „За европска зоолошка“, чија примарна цел ќе биде обезбедување финансиска поддршка за Зоолошката градина во Скопје и нејзините вработени.

„Фондацијата ќе биде посветена на развојот и одржувањето на Зоолошката градина според европски стандарди, овозможувајќи соодветни услови за живот на животните, унапредување на инфраструктурата, како и обезбедување средства за професионален развој и соодветни услови за работа на вработените – какви што впрочем заслужуваат, а во моментов ги немаат. Со формирањето на фондацијата ќе се стремам за зголемување на свесноста за важноста на заштитата на животинскиот свет и едукацијата на јавноста за овие прашања, во соработка со релевантни европски институции и организации“, пишува Галетановски, и додава дека ги охрабрува колегите од институцијата кои работат посветено и професионално, а кои се соочуваат со притисоци, доколку имаат потреба од правен совет, неговиот адвокат ќе биде на располагање за било какво прекршување на Законот за работни односи.

Во однос на изборот на директор на ЗОО Скопје, градоначалничката Данела Арсовска се изјасни единствено на прес-конференција одржана на 20 август, кога рече дека првиот чекор треба да го направи Управниот одбор на Зоолошката градина.

Но, во Управниот одбор имаше само еден член, односно останатите тројца (вклучително и претседателот), токму Арсовска ги назначила за директори на други институции. Поради сето ова, немаше кворум за да се состане УО, а оттогаш, поминаа два месеца, а Арсовска не го искористи дискреционото право да ги разгледа пристигнатите пријави (односно пријава).

Во меѓувреме, во Зоолошката градина Скопје, веќе четврти пат за в.д. директор Арсовска го назначува Зоран Попов. Претходно, таа смени тројца директори во установата.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...