Денеска напладне во Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“. Стотици учесници во дедомразовски костуми трчаа низ главниот град на патека во должина од два километри.
Организаторите информираа дека, покрај натпреварувачкиот, трката има и забавен карактер и на неа учествуваа и деца во придружба на родители.
Учесници од сите генерации беа дел од трката што се одржува во пресрет на новогодишните и божиќните празници, а забележливо беше и присуство на голем број граѓани кои дојдоа да ја проследат трката на Дедомразовците.