[Галерија] Првиот снег во Скопје годинава – за најмладите радост, за властите работа

Фото: Мета.мк

Утринава главниот град осамна под снежна покривка, откако ноќеска почна да паѓа првиот снег оваа зима. Снежните наноси продолжија да паѓаат и во текот на денот. Додека властите се обидуваа да ги исчистат улиците, граѓаните ги обавуваа своите викенд активности. Најинтересно секако, беше за најмладите. Она што е сигурно е дека снегот барем малку влијаеше да се намали аерозагадувањето во главниот град кое во овој период од годината е исклучително високо.

Пренесуваме дел од атмосферата во Скопје денеска преку фото-галерија: