(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Натписи, транспаренти и други форми на протест можат да се забележат на многу локации низ Белград, особено во студентските кампуси, каде што незадоволството на младите е најизразено

-

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата и правдата, траат и понатаму.

Блокадите продолжуваат, а денес во Белград се одржаа неколку протестни собири, меѓу кои и еден пред Министерството за образование.

Стотина студенти, професори и граѓани претпладнево се собраа пред зградата на ова министерство, каде, обединети во неформалната организација „ПУЛС на белградските основни училишта“ доставија писмо до ресорната министерка Славица Ѓукиќ Дејановиќ со барањата за кои сакаат да разговараат.

Просветните работници од белградските училишта, од Министерството за образование бараат поголема безбедност за учениците и наставниците, прекин на таргетирањето на наставниците, олеснување на административниот дел од нивната работа за да можат повеќе да им се посветат на учениците, а побараа и измени на законот за штрајк на наставниците и за изборот на директор.

Студентите ја блокираа улицата „Немањина“ пред српското МОН, по што се упатија кон Студентскиот парк.

Денешниот собир помина без инциденти, а го обезбедуваа припадници на белградската полиција и сообраќајната полиција.

Граѓани од своите прозори ги поздравуваат студентите и наставниците / фото: Мета.мк

По завршувањето на собирот, студентите се разотидоа кон своите факултети, но нивната порака останува видлива низ градот. Натписи, транспаренти и други форми на протест можат да се забележат на многу локации низ Белград, особено во студентските кампуси, каде што незадоволството на младите е најизразено.

Имињата на жртвите во несреќата на железничката станица во Нови Сад, испишани на транспарент на Филозофскиот факултет во Белград. Меѓу нив е и името на Васко Саздовски од Македонија, кој загина во несреќата / фото: Мета.мк

Белградските улици сведочат за еден подлабок бран на студентски активизам, кој го рефлектира нивниот револт од неправдата.

Во текот на денот протестираа и студентите на факултетите по медицина, а идните лекари истовремено се собраа на протести во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац.

Во заедничкиот апел до членовите на Собранието на Српското лекарско друштво, студентите повикаа на одбрана на етичките вредности и моралните принципи.

„Бараме од вас да не заштитите и, како оние кои ги посветија своите животи на здравјето на луѓето, сега да се борите за животите на сите кои се изложени на автомобилски браници, стаклени шишиња, метални прачки и секоја идна настрешница“, нагласуваат студентите по медицина во заедничката изјава.

Н1 јави дека барањата на студентите од четирите медицински факултети денеска и официјално ги поддржа Собранието на Српското лекарско друштво.

На повик на студенти од Медицинскиот факултет во Белград, десетици граѓани 15 минути попладнево го блокираа сообраќајот на раскрсницата помеѓу улицата „Палмотиќева“ и булеварот „Деспот Стефан“ пред Институтот за ментално здравје, каде млад човек со автомобил неодамна влета во две жени вработени во оваа здравствена установа за време на оддавањето почит кон загинатите во несреќата на новосадската железничка станица.

фото: Мета.мк

Протестираа и вработените во Клиничкиот болнички центар „Земун“, кои ја блокираа улицата „Вртларска“ во Белград, оддавајќи им почит на загинатите во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Тие стоеја 15 минути во тишина, по што улицата беше одблокирана, а вработените заминаа на работните места.

За утре пак, закажан е петнаесетминутен молк на белградската улица „Крунска“. Таму, студентите ќе се соберат заедно со докторката Мила Пауновиќ, која минатиот месец си даде отказ од Студентската поликлиника каде што беше вработена, во знак на поддршка за студентите.

Докторката Пауновиќ тогаш изјави дека немањето поддршка за студентите во исполнувањето на нивните барања за почитување на законот е последната капка во низата моменти што го поттикнале отказот.

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...