fbpx

Габер: СДСМ ќе разгледува неколку модели за реорганизација на дипломатската служба

-

В среда, комисијата за надворешна политика на СДСМ ќе разгледува неколку модели за реорганизација на дипломатската служба. „Целта ќе ни биде Република Македонија да добие дипломатија каква што заслужува и каква ѝ е неопходна за да го поврати својот меѓународен углед и европските и НАТО-аспирации“, изјави на денешната прес-конференција, Виктор Габер, член на комисијата за надворешни работи на СДСМ.

– За жал, последниве девет години, дипломатијата е во постојан слободен пад. Немаме јасна надворешна политика, само формално имаме стратешки цели, изостануваат приоритети, земјата е сè повеќе изолирана, а амбасадори стануваат поединци без ниту еден ден дипломатско искуство. Причината за сево ова се партиските и приватните врски, кои диктираат сè во надворешната политика, а цената ја плаќаме сите ние и Македонија, која ја посрамуваат на секој чекор неодговорни политичари и аматери-амбасадори – рече Габер.

Споед него, доволно е да се погледне само еден пример: нашата амбасадорка во Хрватска за да се види колку работата е излезена од контрола.

– Пред неколку месеци, амбасадорката Караѓозоска, само една од тие што без ден дипломатско искуство беше партиски наградена во највисоката дипломатска фунцкија, пред очите на јавноста во Македонија и во Хрватска, ја злоупотреби својата функција за да застане во партиска одбрана на тогашната министерка Јанкулоска. Таа се впушти во одбрана на неодбранливото и прекрши повеќе членови на Виенската конвенција. И не беше само тоа. Јавноста во Македонија секојдневно е информирана за серија гафови на Караѓозовска, со кои таа се срами себеси, но, пред сè, Македонија: од испраќање ноти до медиуми, себе-титулирање со „Н.Е.“ и со вербални напади врз Македонци што живеат во Хрватска… сè до злоупотреба на државен имот за приватни цели и со парадирање по социјалните медиуми со службени автомобили – изјави Габер.

До денеска, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, според Габер, јавно не се оградил од ваквите испади на амбасадорката, па дури не ја повикал ни на консултации во Македонија.

– Само за потсетување, порано, доволен беше еден коментар за партиските состојби во СДСМ за Владата на Груевски да поведе постапка за отповикување на поранешниот амбасадор на Република Македонија во САД. Тогашниот принцип, во кој се колнеа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, денеска го забораваат и молчат. Ова со Караѓозоска е само еден од примерите што покажуваат дека Владата во заминување ја осакати дипломатијата, претварајќи ја во партиско-семејна мрежа, на која Македонија ѝ е на последното место на приоритети – заклучи Габер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...