fbpx

Фудбалскиот клуб „Брегалница“ ќе се продава на берза

-

Општината Штип, преку основен пакет на акции во износ од 25.000 евра, на берза ќе го продава акционерското друштво „Брегалница 2008“. Оваа одлука ја официјализираше мнозинството на седницата на Советот на Општината Штип.

Ова е обид прволигашот „Брегалница“ да стане вториот градски фудбалски клуб, по примерот на „Вардар“, кој ќе се продава на Македонската берза за хартии од вредност.

Општината Штип секоја година троши меѓу 300.000 и 500.000 евра за клубот, кој не носи приходи. Како што во една пригода изјави градоначалникот Илчо Захариев, сите пари што Општината ги собира од граѓаните на име данок на имот, одат во касата на клубот „Брегалница“.

– Основен критериум за избор на најдобар понудувач е висината за пакетот акции, кој не смее да биде понизок од 300.000 евра годишно за инвестирање, исплата на плати и на премии и за други трошоци. Закупувачот се обврзува да работи со клубот најмалку 10 години – ја образложи одлуката претседателот на Комисијата за спорт, Борче Коцев.

Комисија, формирана од градоначалникот со членови од власта и од опозицијата, ќе работи на изборот на најдобриот понудувач. Веќе подолго време во Штип се зборува дека турски инвеститор е заинтересиран за „Брегалница“.

Општината, која заедно со УЕФА го реновира стадионот, останува сопственик на спортскиот терен. Таа е должна и да го одржува, без оглед кој и да биде новиот инвеститор.

– Секој што ја купува „Брегалница“, ја презема со сите нејзини долгови. Точно е дека „Брегалница“ има долг од четири милиони денари. Општината ќе има само една обврска, а таа е да ги одржува терените, бидејќи тие се наши – изјави од советничката говорница градоначалникот Илчо Захариев.

Фудбалскиот клуб „Брегалница“ пред десетина години направи обид да се натпреварува со странски инвеститор. По повеќе од една година работење со клубот, бугарскиот бизнисмен Јордан Андреев си замина, со образложение дека станува збор за инвестиција без заработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...