Фудбалерот Агим Ибраими нема да игра на престојниот натпревар против Словачка, во рамки на четвртото квалификациско коло од групата Ц за пласман на Европското првенство во Франција во 2016 година. Како причина за отсуството на Ибраими се наведува дека фудбалерот има пневмонија, а селекторот Бошко Ѓуровски нема да внесе нов фудбалер на негово место. Натпреварот со Словачка, нашата фудбалска репрезентација ќе го игра в сабота, во 20:45, на Градски стадион.
Популарно
Фудбалската репрезентација без Ибраими против Словачка
-
